Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЗа препишување на испит во Кина ќе се оди во затвор?

За препишување на испит во Кина ќе се оди во затвор?

Студентите кои ќе препишуваат за време на полагањето на приемни испити на факултетите во Кина оваа година ќе ризикуваат поради тоа да завршат во затвор, предупредуваат кинеските медиуми. Владата во Пекинг се обидува да го реши постојаниот проблем со препишувањето. Еден од чекорите кои ќе биде преземен, според пишувањето на тамошните медиуми, е спречување на препишување за време на приемните испити за запишување на факултет каде владее голема конкуренција.

„Образовните органи веруваат дека со заканата од строги казни за они кои препишуваат за време на испитите ќе биде обезбедена правдата при полагањето, што се смета за важен дел во друштвената правда во кинеското општество“, објави популарниот кинески таблоид „Глобал Тајмс“.

Кинеското Министерство за образование и полиција повеќе пати побарале од локалните власти сериозно да се сфати проблемот со препишување на испитите, па се преземени мерки против користење на безжични уреди кои се користат на испитите, како и мерки против полагање на други лица на местото на оние кои се пријавени за испитот.

Приемните испити на факултетите, чие полагање во Кина почнува денес, претставува голем стрес за милиони ученици кои се натпреваруваат за ограничен број места на универзитетите во таа земја.