Wednesday, May 8, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЗа два часа настап заработка од 14 милиони долари!

За два часа настап заработка од 14 милиони долари!

Мел Б, Џери Халивел и Ема Бантон, повторно собраните членови на составот „Spice Girls“ поединечно ќе заработат по 14 милиони долари за двочасовен настап следното лето. Членовите на поранешниот популарен состав прославија 20 од својот прв сингл „Wannabe“ нешто порано ова лето, а неодамна ги здружија силите поради настап кој ќе ја одбележи таа прилика во лондонскиот Хајд парк идното лето.

Сепак, ќе настапт без Викторија Бекам и Мелани Чиз, кои одбија да се вратат на сцената. Изворите сега пренесуваат дека настапот на ова трио на секоја од нив ќе им обезбеди заработка од 14 милиони долари, односно нешто повеќе од 100.000 долари по минута.

„На нив секако им недостасуваат две две девојки, но комерцијалните можности за нив и понатаму се огромни“, истакнува извор за „New York Daily News‎“. Покрај огромната исплата, раководителите на светските компании наводно биле спремни да понудат спонзорства од неколку десетина милиони за да ја „поддржат носталгијата“ која „Spice Girls“ќе ја обезбедат на своите обожаватели ширум светот.

„Банките и компаниите се подготвени да платат милиони, а остатокот од работата ќе биде во ред доколку девојките ја одработат добро својата задача и доколку промоцијата биде на потребното ниво“, објаснува овој извор.