Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаВидео: Јана со одличен настап ја заврши пред евровизиската турнеја

Видео: Јана со одличен настап ја заврши пред евровизиската турнеја

Јана Бурческа со последниот настап во Амстердам ја заврши пред евровизиската турнеја и досега собра одлични коментари за нејзината песна „Dance along“ која многу фанови веќе ја препознаваат и пејат заедно со неа.

Таа исто така беше поканета и на забавата на Генералната организација на евровизиски аматери. Јана за настапот во Киев ќе се подготвува со шведската кореографка Амбра Сучи, која работеше и со победничката од 2012 година, Лорин, па се очекува спектакуларен евровизиски настап на 11 мај во втората полуфинална вечер.