Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВучиќ: Заканите на Харадинај некој ги протежира од меѓународната заедница

Вучиќ: Заканите на Харадинај некој ги протежира од меѓународната заедница

Новиот српски претседател Александар Вучиќ им порача на сите граѓани на Србија дека не треба да се грижат поради заканите на Рамуш Харадинај, затоа што, како што истакна, нема да има никаква Голема Албанија.

„Би кажал дека станува збор за усогласена политка од страна на сите, само најдоа свој „протеже“, Харадинај кој треба тоа да го изговара“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека очигледно постојат „одредени идеи и планови и прикриено согласување со дел од меѓународната заедница“.

„Јас ги разбирам и ваквите потези и нивната нервоза и зошто тоа мораат да го повторуваат секој ден, разбирам зошто им се брза, но граѓаните на Србија не треба да се грижат, нема да направат никаква Голема Албанија. А јас да им се заканувам не можам, ниту ми паѓа на памет“, рече Вучиќ.