Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАВременска прогноза: Свежо и магливо утро, сончево преку целиот ден

Временска прогноза: Свежо и магливо утро, сончево преку целиот ден

Денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност каде што во претпладневните часови долж Повардарието и по одделни котлини и речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од -3 до 6, а дневната од 10 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, сончево со слаба утринска магла и слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до -2, а дневната ќе се искачи до 12 Целзиусови степени.