Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВредноста на имотот на Трамп пораснала за 100 милиони долари

Вредноста на имотот на Трамп пораснала за 100 милиони долари

За време на едногодишна трансформација од не баш веројатен во сигурен кандидат за номинација на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп ја зголеми нето вредноста на својот имот за дури 100 милиони долари. Вредноста на неговиот имот минатата година изнесуваше 2.9 милијарди долари. Во текот на изминатата година, Трамп зема нови кандидати и продаде акции во вредност од барем 50 милиони долари, а истовремено вредноста на неговите голф терени и истоимените кули во Менхетен забележа значителен пораст.

Богатството на Трамп со децении веќе е предмет на дискусија, а како што вели тој од кога станал кандидат за претседател вреди повеќе од 10 милијарда долари, што според него, е показател дека то је успешен бизнисмен. Магазинот „Форбс“ минатата година неговото богатство го процениле на помалку од пет милијарди долари.