Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПратеничките групи денес побрзале со координацијата кај Џафери?

Пратеничките групи денес побрзале со координацијата кај Џафери?

Претставници на сите парламентарни политичките партии денеска беа присутни во просториите на Собранието на Република Македонија, но не сакаа да откријат дали присуствувале на координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, објави Телевизија 21.

По средбата никој од нив не беше расположен да даде изјава за тоа што се разговарало. Дел од нив дури и буквално бегаа пред камерите.

Претходно беше најавено дека Џафери ќе свика координација за понеделник.

Како што беше најавено целта беше да се обезбеди консензус за политичко решение на состојбата во која на градоначалниците и советите на општините на 15 мај им истекува мандатот.