Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏафери го пречека Тимоние – Собранието да биде главно место за дебата

Џафери го пречека Тимоние – Собранието да биде главно место за дебата

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска оствари официјална средба со амбасадорот на Франција, Кристиан Тимоние, кој од името на претседателот на Француското Национално собрание и од името на претседателот и членовите на пратеничката група за пријателство со Собранието, му упати срдечни честитки за изборот на функцијата претседател на Собранието.

Притоа го реафирмираше ставот дека со овој чекор ќе започне низата од следни чекори кон конечно формирање на новата Влада, како врвен демократски израз на мнозинството од граѓаните на Република Македонија, соопшти прес-службата на Собранието.

„Соговорниците споделија свои видувања и за евентуалните непосакувани чекори во оваа смисла, при што господинот Џафери го реафирмираше својот став дека местото за дебата и за соочување на политичките ставови и мислења е Собранието на Република Македонија, бидејќи тој е легитимен орган на граѓаните на Република Македонија, а сите останати ставови искажани од претставници на високи државни институции не смеат да бидат пречка за конечно заокружување на веќе започнатите демократски процеси, кои се без алтернатива. Во таа насока, процедурата за избор на нова Влада ќе претставува почеток на реализација на ингеренциите на новиот претседател на Собранието, врз основа на Уставот, законите и Деловникот на Собранието.

Соговорниците разменија мислења и по актуелната позиција на Република Македонија на регионален и на меѓународен план, при што беше искажана силната поддршка што Француската Република и понатаму ќе ја дава на Република Македонија на планот на нејзините европски и евроаталантски интеграции“, се наведува во соопштението.