Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВозовите запрени, машиновозачите штрајкуваат

Возовите запрени, машиновозачите штрајкуваат

Денеска возовите не тргнаа од скопската железничка станица. Машиновозачит ги стопираа возовите поради неисплатени плати и информираа дека од 12 часот ниту еден воз не е тргнат од жезелничката станица во Скопје. Останатите возови чија почетна станица е во друг град, ќе возат додека не се вратат во Скопје, а потоа ќе запрат.

Машиновозачите најавуваат целосен бојкот на патничкиот сообраќај се додека не им се исплати платата за месец јули. Тие рекоа дека веќе го информирале и премиерот Никола Груевски, со оглед на тоа што компанијата е целосно во државна сопственост.

Пред пет месеци протестираа машиновозачите од Независниот синдикат, но возовите не беа сопрени поради тоа што членовите на останатите два синдиката не го поддржаа бојкотот.