Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаШтрајкот на грчките цариници создадоа долги колони на границата на Грција

Штрајкот на грчките цариници создадоа долги колони на границата на Грција

Долги колони автомобили и автобуси има на граничниот премин Евзони поради штрајкот на грчките цариници, кој почна на полноќ, потврдија за „Мета“ од грчкиот граничен премин.

Како што соопштија, на преминот Евзони, на секои 60 минути границата се отвора за минување на возила во траење од 15 минути. Сообраќајот на граничниот премин е целосно затворен за товарни возила.

Од АМСМ соопштија дека на грчките гранични премини Дојрани и Ники сообраќајот е целосно затворен и за патнички и за товарни возила и дека забраната за влез во Грција ќе остана на сила до полноќ, односно до 1 часот по македонско време.

Границата на овие премини е отворена само за пешаци.

Грчките цариници синоќа на полноќ стапија во 24-часовен генерален штрајк поради новите мерки на штедење на грчката влада.