Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВонредна состојба во неколку реони во Турција

Вонредна состојба во неколку реони во Турција

Неколку реони во двата турски источни округа – Агра и тунџели, се прогласени за специјални зони за безбедност заради зачестените напади од бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК).

Според турските закони, во случај на потреба определени територии може да се прогласат за зони за безбедност.

Во такви реони се воведува вонредна состојба, на цивилите им се забранува влегување без посебна дозвола, а армијата и жандармеријата имаат право да  отворат оган врз сомнителни цели.

Во Агра вчера терористите активираа два тона експлозив пред зграда на жандармеријата при што загинаа две лица и беа ранети над 30. Специјалниот режим ќе трае 15 дена.