Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВоениот командант од Мала Речица пред Хаг, но во својство на сведок

Воениот командант од Мала Речица пред Хаг, но во својство на сведок

По поканата на Рамуш Харадинај, поранешниот косовски премиер, да сведочи во Хашкиот трибунал,тој експресно си поднесе оставка. Се организираа избори, и тој ги загуби. Познавачите на геополитичките односи, тоа го сврзуваат со фактот дека меѓународната заедница,сакала „ политички да го елиминира“, во пресрет на конечното решавање на косовското прашање, кое се предвидува оваа есен.

 

Како гром од ведро небо, дојде информацијата, дека долгогодишниот лидер на ДУИ, и незаобиколен фактор на македонската политичка сцена, Али Ахмети е повикан да биде сведок во Хашкиот трибунал.Правниците, истакнуваат дека многу лесно може да се замени статусот од сведок, во обвинет. Некои тоа го толкуваат како притисок врз Ахмети, да се повлече од политичката сцена, како што се повлече Харадинај, веќе од кога стана јасно дека Македонија ќе ги отвори преговорите со Европската Унија, и стана полноправен член на НАТО.

 

Ахмети, претходно извести дека е повикан од Специјалното обвинителство на Косово, да сведочи како еден од основачите на ОВК и член на Генералштабот.

„Без двоумење ја прифатив поканата и остварив конструктивен контакт и соработка со официјални лица во Хаг“, напиша Ахмети.

 

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, и уставен судија во федерацијата Босна и Херцеговина, пред неколку месеци, кога се официјализираше поканата на трубуналот и кога стана јасно дека ќе сведочи пред Хашкиот трибунал.

 

„Јас можам да кажам дека во зависност од изјавата и во зависност од тоа што Трибуналот смета дека е релевантно, понатаму можеме да очекуваме какво својство ќе му определи на лицето кое што ја дало изјавата, односно на господин Ахмети“, истакна Цаца Николовска.