Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВо сообраќајка во Радишани загина едно лице

Во сообраќајка во Радишани загина едно лице

Утринава на главната улица во населбата Радишани загина едно лице откако дошло до судир меѓу две патнички возила, „југо“ и „мазда“ со скопски регистарски таблички. Несреќата се случила во 9.40 часот на крстосницата од улиците „Радишанска“ и „Боро Краљевски“, а тешко биле повредени возачот и неговиот сопатник во југото по што итно биле пренесени во градската болница „Свети Наум Охридски“. Возачот претрпел најголеми повреди и починал во болница, пренесува Макфакс.