Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВо сезона на правење ајвар, државата ќе помага во откуп на пиперки

Во сезона на правење ајвар, државата ќе помага во откуп на пиперки

Додека голем дел од семејствата се подготвуваат за зимската сезона со правење ајвар, очигледно земјоделцитее немаат одлични резултати бидејќи има одредени проблеми со откупот на пиперките. Од министерството за земјоделство истакнаа дека ќе им помогнат на земјоделците кои годинава имаат зголемено производство.

vanco kostadinovski

– Сакаме да видиме како се одвива откупот на пиперките, да видиме дали се почитува она што е договорено со преработувачите, да ги надминеме проблемите. Некои од производителите имаат проблеми во делот на субвенциите, особено на релацијата со преработувачите имало некои проблеми. Се договоривме да ја провериме листата на откупувачи и преработувачи и преку претставниците на производителите да им одговориме на проблемите, да се заложиме да бидат надминати, производителите да бидат исплатени, бидејќи за пиперката дополнителната субвенција е два денара за килограм предаден род во преработувачките капацитети – изјави заменик министерот Костадиновски.

На заедничка маса треба да седнат откупувачите, домашните преработувачи и извозниците за да се најде решение за проблемите и ниската откупна цена, како и да се најде стратегија за конкуренцијата од околните земји.