Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАДосие XВо потрага по временски патници

Во потрага по временски патници

Патување низ времето сигурно е најомилената тема во научната-фантастика со многу претпоставки што би се случило доколку навистина може да се вратиме во минатото и да смениме одредени настани, какви ќе бидат последиците, дали ако нешто веќе се случило не може да се промени поради создавањето на временски парадокс. Научниците велат дека теоретски патување низ времето е возможно, па се поставува прашањето дали некаде во иднината луѓето достигнале огромен технолошки напредок за да може да патуваат низ времето и дали може да пронајдеме траги од нивното присуство во нашата сегашност.

Теоријата е прилично возбудлива, замислете да постојат временски туристи кои сакаат да се вратат во одреден момент, пример финале на светско првенсво, гледање на значајни историски настани во живо, па дури и користење на сите информации во нивна полза како однапред да се знае кој ќе победи на избори, која компанија ќе има раст на акции.

Научниците за да ја тестираат оваа теорија се обиделе да детектираат патници низ времето со анализи на милијарди објавени статуси на Twitter од 2009 година и наоѓање на информации кои ќе укажат дека некој имал знаење од иднината, на пример кој ќе биде новиот римски папа, дали некој дал предупредување за страшна авионска несреќа. За жал не е пронајден ниту еден турист од иднината, но тоа не значи дека тие не постојат бидејќи секоја манипулација на времето како димензија може да создаде алтернативни или паралелни временски распореди, па ние воопшто и не може да ги детектираме, затоа што сме заглавени во „нашиот“ контиуниум на време и простор.

П.С. Патници од идината, ако го читате овој текст ве молиме да ни кажете ексклузивни детали за иднината, па и ние како редакција да објавиме нешто пред сите други.