Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГвардиола конечно зборуваше за иднината на Џо Харт!

Гвардиола конечно зборуваше за иднината на Џо Харт!

Шпанскиот стратег на конференцијата за новинари пред гостувањето во Стоук зборуваше и за судбината на англискиот чувар на мрежата. Клаудио Браво е на чекор од Манчестер Сити, додека Џо Харт е на излезните врати. Голманот на Барса најверојатно ќе биде прв избор на „Етихад“, а се очекува Кабаљеро да биде негова алтернатива. Тоа го става Харт во ситуација во која треба да побара нов ангажман.

Евертон стои прв во редот, ја чекаат одлуката на англискиот голман, но и конечната одлука на „Граѓаните“. Сега и Пеп на конференцијата за новинари изјави дека Харт е слободен да замине. „Секако дека може да замине. Јас сакам моите играчи да се среќни. Не сакам да остане доколку тоа не е по негова воља“, изјави поранешниот тренер на Баерн и Барса.

„Сите играчи кои се овде имаат договор со клубот. Доколку одлучат дека сакаат да останат, ќе останат. Зборував со сите. Тие точно знаат каква е состојбата во клубот“, додаде Гвардиола. „Доколку сакат да останат, нека останат и заедно ќе се бориме. Сакам да работам исклучиво со играчи кои сакаат да бидат дел од овој клуб, во тоа нема сомневања“, заклучи Шпанецот.

hart

Значи, се е подготвено за трансфер на англискиот репрезентативец на „Гудисон Парк“, останува уште само тој да ја искаже својата желба за напуштање на Манчестер и да се пресели во Ливерпул. Ќе видиме и која сума на пари Сити ќе ја бара за својот голман, а нема сомнение дека ќе станува збор за солидна свота на пари.