Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВо Индија за 1000 фунти се продавале бебиња

Во Индија за 1000 фунти се продавале бебиња


Во Индија во една болница, во округот Гвалиор, се продавале и менувале бебиња, за 1.000 фунти. Полицијата спасила две бебиња од болницата „Палаш“, додека најмалку три бебиња се продадени на двојки без деца. Полицијата ја претресла болницата во сабота навечер, откако добиле дојава дека таму се тргува со новородени бебиња. За двете бебиња, болницата немала адреса на живеење.

Подигнати се обвиненија против пет луѓе, меѓу кои и директорот на болницата, а се товарат за купување и продавање робови, иако обично робовласништвото и купувањето малолетници се доведуваат во врска со проституција. Полицијата објасни дека кога девојки или нивните родители ќе им се обрателе за да извршат абортус, тие ги убедувале дека ќе им овозможат сигурно и тајно породување.

Откако мајките ќе роделе, биле отпуштани од болница, а болницата барала лековерни двојки кои би го купиле бебето. Во еден случај, новороденото девојче е заменето со момче. Една активистка вели дека е запрепастувачко тоа што здравствените работници треба да работат во интерес на родителите, а не да се водат од финансиската добивка.

Инаку, полицијата сега е во потрага по двојките кои купиле бебе и по продадените бебиња, пишува Metro.