Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаВо Бугарија откриен најстариот златен артефакт?

Во Бугарија откриен најстариот златен артефакт?

Златната алка со пречник од четири милиметри, која ја откриле бугарските археолози, претставува најстар златен артефакт пронајден во Европа, а како што проценуваат експертите, веројатно е најстар и во светот. Алката била пронајдена во праисториска населба во јужниот дел на Бугарија.

Златната алка датира од 4.500 до 4.600 година година пред нашата ера, што значи дека е 200 години постара од накитот пронајден во 1972 година во некропол од бакарното време во бугарскиот град Варна, на брегот на Црното море, а кој се смета за најстар златен предмет.

„Нема сомнение дека станува збор за предмет постар од златото пронајдено во Варна. Тоа е навистина важно откритие. Тоа е мало парче злато, но доволно големо да го најде своето место во историјата“, изјави Јавор Бојаџијев, професор на Бугарската академија по науки.