Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВо Америка може да внесете марихуана на летови

Во Америка може да внесете марихуана на летови

Орегон, една од републиките на САД која дозволи рекреативна употреба на марихуана, дозволи патниците на аеродромите да внесуваат марихуана според пропишаните правила, но не смеат да ја изнесат надвор од границите на Орегон, без оглед на дестинацијата на летот.

Ваквата одлука донесе мешани реакции, едни велат дека одлуката е нормална бидејќи државата дозволува поседувања на одредена количина на марихуана (28 грама) ако сте на возраст од 21 година, а други пак велат дека е бесмислен овој потег бидејќи не може да се пренесе ниту шампон, а камо ли супстанца која до вчера била нелегална.