Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВнук си го претепал дедаси за пари, а во Кумановско маж кршел дома за пари

Внук си го претепал дедаси за пари, а во Кумановско маж кршел дома за пари

Внук во тетовско го претепал сопствениот дедо оти не му давал пари, а кумановец кршел по домот и ги малтретирал сестра му и мајка му за пари. Двата случаи се случиле вчера, едната случка се случила во долнореканското село Требиште, а другиот во кумановското село Слупчане.

Во долнореканското село Требиште бил пријавен дваесет и пет годишен внук кој го нападнал сопствениот дедо кој бил 77 години. Бидејќи внукот не добил пари од својот дедо, почнал да го малтретира психички старецот и се расправал константно, по што дошло до лутење и го соборил на подот стариот и изнемоштен 77 годишен старец, оштетувајќи му го апаратот за слушање, раскажуваат од СВР Тетово. Момчето продолжило да криши се во куќата и се заканувал по животот на дедото, кој подолг временски период бил малтретиран на ваков или сличен начин. Набргу по пријавувањето, внукот бил приведен во полициската станица во Гостовар и по расчистувањето во целост на случајот и против него ќе биде поднсена соодветна кривична пријава.

Вториот случај бил исто во понедленикот во с.Слупчане вечерта, каде што 32 годишен кумановец барал пари и се заканувал дека ако не добие пари ќе ја запали куќата во која живееле сопствената сестра и мајка. Почнал да крши се што ќе стигне во куќата, па мајка му била приморана да му даде 6000 денари, но заканите продолжиле каде што момчето често повторувало дека ќе ја запали куќата ако татко му не му прати преку „Вестерн Унион“. Неможејки да издржи, сестра му го пријавила во полиција при што кумановецот е приведен во полициска станица и истиот ќе биде задржан се до целосно расчистување на случајот.