Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимВнимавајте со компирите, може да го зголемат крвниот притисок

Внимавајте со компирите, може да го зголемат крвниот притисок

Четири оброци со компир неделно, без разлика на нивниот начин на приготвување, може да доведе до зголемување на крвниот притисок, во споредба со нивното конзумирање еднаш неделно, покажува едно истрашување на научници од Бирминген и Бостон.

Тие исто така откриле дека луѓето кои јадат повеќе од четири пати неделно пржени компири, имааат 17% повеќе ризик за висок крвен притисок.

Според истражувачите, замена за еден оброк компири дневно со други зеленчуци без скроб, го намалува за 7% ризикот од висок крвен притисок. Лекарите утврдиле дека најверојатно причината за односот меѓу компирите и високиот крвен притисок е високиот гликемиски индекс (GI) на коренот. Храната со висок гликемиски индекс ослободува енергија побрзо и од таа причина побрзо го зголемува нивото на шеќерот во крвта.

За да стигнат до своите откритија, научниците истражувале податоци на повеќе од 187.000 мажи и жени од три големи спроведени истражувања во САД во последните 20 години.

Друго истражување пак покажа дека жените кои се хранат со компири два до четири пати неделно, имаат околу 27% поголема шанса да развијат дијабетес за време на бременоста. Оние кои се хранат повеќе од пет пати неделно со компири, го зголемуваат ризикот за 50%.