Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВнимавајте: Од утре казни ако немате зимска опрема

Внимавајте: Од утре казни ако немате зимска опрема

Од утре стапува на сила задолжителната обврска за носење зимска опрема. И покрај тоа што се уште е сончево и нема мраз на улиците, носете зимска опрема бидејќи во спротивно ќе треба да платите казна од 45 евра или ќе ви регистрираат 25 негативни поени.

Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи“ прецизно е наведена зимската опрема по категоризација на возила, што возачите мораат да ја поседуваат во своите возила во наведениот период. Имено, во правилникот по однос на потребната зимска опрема прецизирано е следното:
zimska oprema1. Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:
– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите по обем и широчина, од 4 mm.
– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

2. Потоа како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 x 4) се подразбира:
– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите по обем и широчина, од 6 mm.
– пневматици со летен профил на сите тркала, со длабочината на шарите по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 mm. Ако во возилото во приборот има синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

3. Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:
– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите по обем и широчина, од 6 mm.
– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите, по обем и широчина, со минимум од 4 mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

4. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „МЅ“, „М+Ѕ“, „М&Ѕ“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

5. Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.
naslovna zimskigumise 2012 12 08Од РСБСП информираат дека полициски службеник може да му нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема.

Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

Од РСБСП апелираат до возачите да ја носат и користат зимската опрема за своите возила, за како што велат безбедно управување со своето возило и безбедно и непречено пристигнување на саканата дестинација.