Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО со реакција: СДСМ реализира украинско сценарио

ВМРО со реакција: СДСМ реализира украинско сценарио

Втор ден граѓаните на протест против помилувањата на Иванов. Сосема очекувано, по вечерашниот хаос, ВМРО излезе со соопштение во кое ја обвинува опозицијата дека подготвува украинско сценарио.

„Тоа што криминалецот Зоран Заев го најави на Телма во режираното интервју, дивите орди на СДСМ и на Сорос почнаа вечерва да го реализираат по улиците на Скопје. Без грам совест и грижа за иднината на земјата, злосторникот Зоран Заев јасно кажа дека во Македонија се поставени сериозни темели за украинско сценарио. Истото сценарио кое во меѓусебната комуникација го најавуваа Верушевски и другите креатори.

Исход на сценариото во Украина, досега се десетици илјади мртви и поделена држава. Поделба на Македонија, која што вчера ја побараа партнерите на Зоран Заев од Беса. Дивите орди инструирани од Заев и Сорос вечерва палеа и кршеа низ Скопје. Хулиганите предводени и поттикнати од СДСМ ја напаѓаа полицијата и каменуваа се што им се најде на патот. Идеите на налудничавиот Зоран Заев резултираа со повредени новинари и десетици искршени прозорци.

Зоран Заев и СДСМ ќе одговараат за анархијата во која што се обидоа да ја втурнат Македонија. Кога ноторен криминалец говори за правда и борба против криминал, не е ништо друго освен поигрување со разумот на народот. Кога крадец кој ја претвори Струмица во град каде што работат само неговите семејни фирми зборува за чест, не е ништо друго освен поигрување со разумот на народот.

Кога неурамнотежен лик како Заев се заканува „живи луѓе ќе јадеме“ и негови орди напаѓаат и демолираат по улици, а тој бара демократија, не е ништо друго освен потценување на народот. Македонскиот народ никогаш нема да наседне и нема да застане на страна на ваквите криминалци“ – стои во реакцијата на владејачката партија.