Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Заев за разнебитувањето на државата ќе одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: Заев за разнебитувањето на државата ќе одговара пред законот

Нелегално избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, поддржан од СДС, започна да го применува албанскиот јазик како јазик на кој Собранието се обраќа до јавноста, покрај македонскиот, давајќи ни само мал поглед како ќе се одвива и имплементира двојазичноста на дело, стои во редовното утринско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата наведува дека Џафери кажал дека нема намера да го почитува сегашниот закон за употреба на јазиците и дека собраниските седници ќе ги води на албански јазик.

„Граѓаните на Република Македонија можат да видат само мал сегмент како ќе функционираат институциите откако СДС би ја презел власта. Криминалецот Заев е спремен да ја реализира Тиранската Платформа, за да дојде на власт, во надеж дека од позиција на власт ќе се спаси од кривичен прогон за големиот број кривични дела кои ги извршил“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев треба да знае и дека за разнебитувањето на државата и поткопувањето на унитарноста на државата исто така ќе одговара и пред законот и пред граѓаните на избори.