Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Укинувајќи го Денот на дрвото, СДСМ ја покажа лажната грижа за чист воздух

ВМРО-ДПМНЕ: Укинувајќи го Денот на дрвото, СДСМ ја покажа лажната грижа за чист воздух

Укинувајќи го проектот „Ден на дрвото“, владата на СДСМ ја покажува лажната грижа за чист воздух, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Чистиот воздух, исто како и ветувањето за живот за сите, се лажни пароли и лажни ветувања кои ќе станат синоним за неспособноста на владата на СДС и на Зоран Заев. Овие две ветувања ќе се вбројат во редот на големи лаги на СДС како таа дека ќе вработеа по еден од секое семејство и дека ќе носеле инвестиции“, стои во реакцијата.

Од партијата наведуваат дека новата влада ќе се памети по уривање, стопирање и по наметнување на нови давачки.

„Наместо со ново зеленило, тие против загадувањето се борат со зголемување на цената на нафтата, зголемување на цената за паркирање и со редица ретроградни мерки. Повеќе од 35 милиони садници се засадени од 2009 година досега, со повеќе од 50 проценти успешност, што се смета за едно од најуспешните пошумувања во регионот. Само во Скопје во изминатите четири години засадени се 256.000 листопадни дрвја и зимзелени садници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Категории: Македонија