Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Целта на СЈО е елиминација на ВМРО-ДПМНЕ заради слабеење на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Целта на СЈО е елиминација на ВМРО-ДПМНЕ заради слабеење на државата

„СЈО води политички процес, чија цел е политичка, а не правна, и притоа без да има какви било докази се води хајка против цела една партија. Стотина лица од клучните тела на ВМРО-ДПМНЕ се политички обвинети, без постоење на докази“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното редовно утринско соопштение.

„Целта на СЈО е елиминација на ВМРО-ДПМНЕ заради слабеење на државата. СЈО се претвори во канцеларија на СДС. СЈО е алатка за присила врз ВМРО-ДПМНЕ затоа што цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ беше на браникот на одбраната на државните и на националните интереси на Македонија, одолеа на многу притисоци и закани. Во наредниот период, секогаш кога ќе се појават теми како решавањето на проблемот за името и договор со Грција, штетниот договор со Бугарија, редефинирање на државата, продажба на ЕЛЕМ, штетни и криминални договори или законот за јазици, ќе се активира СЈО. Тоа е нивната димна завеса“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека бргу ќе дојде времето кога сите што ги повредиле процедурите, законите и нанеле зло, ќе одговараат за своето однесување.