Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ со критики за работата во образованието и бара оставка од Мила Царовска

ВМРО-ДПМНЕ со критики за работата во образованието и бара оставка од Мила Царовска

 

 

ВМРО-ДПМНЕ  упатува критики кон работата на новата министерка за образование и наука Мила Царовска. Вчера започна новата учебна година, за прв пат на 01 октомври, и за прв пат по комбинирано он лајн модел, со физичко присуство. Сепак од 1-3 одделение децата ќе одат на настава со физичко присуство, додека останатите во погорните одделенија во основното, но и средношколците, ќе ја следат наставата преку националната он лајн  платформа.

 

Министерке, давате изјави во кои стартот на учебната година го оценувате како успешен. Жално е „добивањето лозинки” да го потенцирате како успех од невидени размери во дигитализацијата. А срамно, што се тоа го кажувате со насмевка на лицето, изјави Марија Митева, ВМРО-ДПМНЕ.

Имате повеќе од 80 илјади ученици кои немаат услови за следење на онлајн настава, а вие им нудите 15-минутни видеа од наставните часови пред малите екрани на националниот сервис. Велите, во овој момент тоа е единственото решение. Не, тоа е само оправдување! Имате бојкот на онлајн наставата во повеќе од 7 градови, старите и руинирани училишни објекти се поле за истражување, платформата ви е нефункционална, еве вчера и официјалната страна на Министерството беше нефункционална! Непотребно не убедувате, велите во НАЈГОЛЕМ ДЕЛ од училиштата во државата е започната онлајн наставата. А што е со останатите кои воопшто не започнаа?, праша Митева.

Не сме изненадени! Факт е дека следи уште едно оправдување, за кое повторно ќе кажете: “Учебната година започна организирано, предизвиците ќе се надминат”. Еве уште еден пример, целодневна настава се уште нема, а вие велитe: организацијата на целодневната настава е во надлежност на училиштата, не на Министерството за образование. Почитувана министерке, за секој еден проблем ја префрлувате вината, барате трпение и разбирање. Имате ли критериум и план како понатаму? Доколку не, чесно и доблесно е да признаете дека оставката е повеќе од очекувана и неминовна!, истака Марија Митева,од ВМРО-ДПМНЕ.