Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО ДПМНЕ со факели го прослави роденденот, полицијата со апсење

ВМРО ДПМНЕ со факели го прослави роденденот, полицијата со апсење

ВМРО ДПМНЕ го прославува својот 26-ти роденден. Претседателот на партијата и екс премиер Никола Груевски во своето обраќање пред неговите сопартијци порача дека „народот врие“ и се повеќе граѓани од него барале поддршка за конкретна акција. Според него, учесниците во Шарената револуција се платеници, кои работат за туѓи интереси.

Роденденот беше одбележан и со 100 факели кои членови на унијата на млади сили на ДПМНЕ ги држеа на камениот мост. Изгледа младите сили на оваа партија се повеќе наоѓаат инспирација во постапките на Шарената револуција. Имено, во петокот Шарената револуција го заврши одбројувањето за ултиматумот кој беше поставен за произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, токму со факели наредени низ целата улица.
gruevski-2-777x437
– Дека се губи трпението на народот, пред неправдите кои ги гледа, дека се повеќе како претседател на ВМРО-ДПМНЕ сум под притисок на илјадници граѓани кои на ралзичен начин ме контактираат, барајќи поддршка за поодлучна народна акција, дека ако вака продолжат, колку и јас и моите соработници да сме толерантни, нема да можам да ја држам ситуацијата под контрола. Народот врие и во еден момент може да му дојде преку глава и да влеземе во фаза која нема да e добра за земјата, а најмалку за оние кои глумат некакви револуционери за дебели пари и за туѓи интереси, рече Груевски. Груевски обвини дека Специјалното обвинителство и опозициската СДСМ станале коалициски партнери.

Додека траеше прославата, полицијата апсеше активисти. Во моментов пред полициската станица, Пролет во Кисела Вода, каде се наоѓа приведениот активист Павле Богоевски се собираат граѓани и поддржувачи на Шарената револуција.

фото: Новатв.мк, Курир