Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалите на Заев, СДСМ ја прифати тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалите на Заев, СДСМ ја прифати тиранската платформа

Зоран Заев и дел од раководството на СДСМ, поради криминалите кои ги има сторено, ја прифатија тиранската платформа која е неуставна и спротивна на највисоките државни и национални интереси, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата наведува дека тие го ставаат интересот на сите граѓани на прво место и затоа го нудат манифестот за единствена Македонија како граѓански концепт кој сплотува и води кон економски развој.

„ВМРО-ДПМНЕ докажа дека знае како треба да се води економијата во нашата земја, а за тоа говорат и бројките. „Над 160.000 ново отворени работни места. Ова е спротивно на се што СДСМ направи во своето време, а тоа е затворање на работни места“, се истакнува во партиското соопштение.