Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Не гласавме за СЈО кое ќе заплашува и затвoра медиуми

ВМРО-ДПМНЕ: Не гласавме за СЈО кое ќе заплашува и затвoра медиуми

Специјалното јавно обвинителство е продолжена рака на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тие ја имаат улогата на цензор за да расчистат со медиумите кои не му се под контрола и кои самиот Заев ги прогласи за непријатели, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ гласаше за СЈО кое професионално, непристрасно и неселективно ќе си ја врши работата, а не за СЈО што ќе биде прв соработник и послушник на аболицирани криминалци и ќе служи како општинска организација на криминогеното раководство на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе заплашува и затвoра медиуми.

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе вработува роднини и партиски членови на СДСМ и ќе ангажира функционери и поданици на аболицираниот криминалец Заев како експерти“, се наведува во партиското соопштение.

Од партијата додаваат дека со самото откажување од случајот „Пуч“, со пуштањето од притвор на Верушевски и со сегашниот атак кон медиумите, СЈО потврдило дека нема ниту една рационална причина за продолжување на неговиот мандат.