Friday, May 10, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ ги повика сите кои и мислат добро на Македонија да го прифатат нивниот Манифест

ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите кои и мислат добро на Македонија да го прифатат нивниот Манифест

ВМРО-ДПМНЕ денеска, преку редоовното утринско соопштение, ги повика политичките партии и сите „што ѝ мислат добро на државата да го прифатат манифестот“ што го презентираше партијата викендов.

„Обединување околу националниот интерес, како и зачувување и промоција на националниот, културниот и на јазичниот идентитет на Македонците и на граѓаните на другите етнички групи во земјата и надвор. Интеграција во ЕУ и во НАТО, како наши стратешки приоритети и цели. Признавање дека македонскиот јазик е интегративен елемент на сите граѓани во нашето општество без разлика на нивното потекло. Манифестот предвидува гаранции македонскиот народ да не може да биде надгласан за својот идентитет и верска толеранција. Спроведување попис на населението, што е неопходен услов за остварување општ развој на општеството. ВМРО-ДПМНЕ преку манифестот предвидува национално обединување околу целите за подобра економија, поголем пораст, повеќе инвестиции, поуспешни претприемачи и новоотворени работни места за нашите граѓани“, порачува, меѓу другото, ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека очекува од СДСМ и сите други политички чинители, ако ѝ мислат добро на Република Македонија, да го прифатат овој манифест како „подадена рака за градење на просперитетна и силна држава“.