Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ демантира дека Владата му го плаќа мобилниот на Груевски – Владата молчи

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека Владата му го плаќа мобилниот на Груевски – Владата молчи

ВМРО-ДПМНЕ денеска, наместо Владата на Република Македонија ги демантира информациите кои денеска во Собранието ги изнесе независниот пратеник Павле Богоевски дека поранешниот премиер Никола Груевски, иако повеќе од година не е на премиерската функција се уште го користи службениот телефон и оти само минатиот месец го оштетил државниот буџет за 3.000 евра.

„СДСМ во очај се претвара во фабрика за лажни вести обидувајќи се да го покрие срамот од прифаќањето на тиранската платформа, реагира ВМРО-ДПМНЕ. Веста дека владата го плаќа телефонот на претседателот Никола Груевски е целосна измислица. Груевски нема телефон кој го плаќа владата. Ниту пак од Малта имал разговори за такви високи сметки“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека лагите и лажните вести станаа синоним за СДСМ.

„Пратеникот Павле Богоевски со лажно претставување како невладин активист влезе во Собранието, а сега преку пласирање на невистини се обидува да му се додвори на неговиот лидер, криминалецот Зоран Заев“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.