Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата ќе расправа за измените на Законот за внатрешни работи

Владата ќе расправа за измените на Законот за внатрешни работи

Владата денеска ќе ја одржи 23. седница на која на дневен ред ќе биде измена на Законот за внатрешни работи, чиј предлагач е Министерството за внатрешни работи.

Како што соопштија од прес-службата на Владата, на дневен ред на денешната седница ќе се разгледува и предлогот за изменување на Деловникот за работа на Владата и предлог-програмата и предлог акциски план за спроведување на Стратегијата за безбедност и здравје при работа 2020 година.

Предлагач на програмата и на Стратегијата е Министерството за труд и социјална политика.