Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата денеска ќе ја одржи својата прва седница

Владата денеска ќе ја одржи својата прва седница

Со почеток во 14 часот, новата влада предводена од Зоран Заев денеска ќе ја одржи првата седница.

На веб-страницата на Владата нема информации за дневниот ред, но се очекува, според досегашното искуство со владите, на седницата да се дискутира за новите имиња на раководните позиции во вториот и во третиот ешалон. За заменичките позиции во министерствата се очекува кандидати да предложат сите партии што влегоа во владиниот состав, како и партиите што влегоа во Коалицијата за живот во Македонија, која СДСМ ја предводеше на изборите во декември.

На оваа седница можеби ќе се избере и нов генерален секретар на Владата и нов директор на владината Служба за општи и заеднички работи.

Претходно, точно напладне е закажана средба помеѓу премиерот Зоран Заев и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.