Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВицепремиерот Халили: Ставот на Димитриев за новиот спикер е личен, а не на владата

Вицепремиерот Халили: Ставот на Димитриев за новиот спикер е личен, а не на владата

Владата на Република Македонија не одржала седница ниту донела заеднички заклучок дали ќе биде признает или не новиот собраниски спикер Талат Џафери кој во четвртокот беше изгласен од новото парламентарно мнозинство.

Без оглед што премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев одржа прес на кој го осуди изборот на Џафери и го оцени како нелигитимен, тоа не е став на владата, вели вицепремиерот Фестим Халили за Алсат-М.

– Единствена алтернатива на нашата земја е интеграцијата во евроатланските структури и  затоа е од посебна важност признавање на собранискиот спикер  Талат Џафери од САД, ЕУ, НАТО и ОБСЕ изјави вицепремиерот Фестим Халили.