Thursday, May 2, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаВитни Хјустон во изведба на Аријана Гранде (ВИДЕО)

Витни Хјустон во изведба на Аријана Гранде (ВИДЕО)

Кога се работи за имитација на другите диви, ретко кој тоа го прави така добро како Аријана Гранде. Пејачката со силен глас овој пат и оддаде почит на Витни Хјустон во популарната Телевизиска емисија „Greatest Hits“. Аријана ги изведе хитовите како „How Will I Know“ и „Queen Of The Night“, а добрата кореографска изведба го направи овој настап уште подобар.

Аријана моментално го промовира својот нов сингл „Into You“, во рамките на нејзиниот најнов албум „Dangerous Woman“. Покрај тоа, таа неодамна ги почасти своите обожаватели со две песни, „Honeymoon Avenue“ и „Voodoo Love“.