Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТеатарПо маестралната премиера, „Симфонија на паѓањето“ уште еднаш во театар „Чекори“

По маестралната премиера, „Симфонија на паѓањето“ уште еднаш во театар „Чекори“

По изведбата на Меѓународниот ден на театарот, „Симфонијата на паѓањето“ повторно ќе и ја претстави на публиката театарот „Чекори“. Утре, со почеток во 20 часот на сцената на Младинскиот културен центар, ќе се одигра репризата на маестралната претстава. Работена според делата на Данил Хармс, публиката ќе ја чини 150 денари, а билетите се веќе во продажба.

Ансамблот по успешната премиера, очекува уште еднаш да ги надмине очекувањата на присутните во салата „Кино Фросина“.

Детали за премиерната изведба на „Симфонија на паѓањето“, можете да прочитате во претходната објава на Позитив.мк со наслов „ТеатарМора да се погледне: „Симфонија на паѓањето“ во театар Чекори на Меѓународниот ден на театарот“.