Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВиси ли договорената коалиција меѓу Заев и Ахмети, поради незадоволни пратеници од ДУИ?

Виси ли договорената коалиција меѓу Заев и Ахмети, поради незадоволни пратеници од ДУИ?

Внукот на Насер Зибери, новиот пратеник Арбен Зибери, кој беше разрешен директор од Институтот за јавно здравје,  нервозно со својот џип го напушти Собранието и удри во  металната рампа. Новинарот Фуркан Салиу, од ТВ Клан, тоа го документираше и со видео. Некои медиуми објавија дека во ДУИ постои своевидно несогласување (раскол), околу прераспределбата на функциите, па дури и се поставува прашањето дали лидерот Али Ахмети ги контролира сите пратеници, односно петнаесетминатта, кои ја сочинуваат пратеничката група на ДУИ. Во ФБ постови, партиски функционери негодуваат за поставувањето на високи извршни функции на Бујар Османи и Артан Груби, прашувајќи „ дали било прашано членството на ДУИ во ДУИ-Сарај и ДУИ-Чаир“, бидејќи тоа било најзаслужно за триесет илјади освоени гласови на оваа партија во скопските општини.

Али Ахмети и покрај тоа што важи за неприкосновен лидер на ДУИ, и поранешен водач на воената формација- терористичката ОНА, од која произлезе оваа политичка партија, доминантна на македонската политичка сцена во последниве две децении, еднаш се соочи со несогласување на своите пратеници кога требаше да се гласаат уставните измени во сега веќе далечната 2014-та година. Тогаш пратениците на ДУИ беа потребни и клучни за двотретинско мнозинство, со кое требаше да се протуркаат уставните измени за слободни финансиски зони, дефиниција на бракот меѓу маж и жена, промена на грбот на државатаа, во период кога ДУИ беше во силна коалициска врска со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Тогаш Ермира Мехмети, Хазби Лика, и уште неколкумина се спротиставуваат на овие предлози за уставни измени и тие пропаѓаат односно не доаѓаат на изгласување. Дали овој пат, неколкумина пратеници- одметници, може да ја загрозат веќе договорената коалиција меѓу Заев и Ахмети, ќе видиме наскоро од менаџерскиот и прагматичниот капацитет пред се на лидерот на ДУИ.