Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Заканите што ги даде пред година ги реализираше со тепањето на Села

Видео: Заканите што ги даде пред година ги реализираше со тепањето на Села

Нови детали за нападот врз Села и лицата кои учествуваа во овој грозоморен чин излегуваат на површина. Еден од напаѓачите кој го влечеше бесвесното тело на Села низ ходниците на Собранието е истиот човек кој протестираше пред Уставен суд за негова одбрана од „Шарената револуција“ која во тие моменти бараше да ја укине аболицијата.

sela napagac

Тој за ЦИВИЛ Медиа, на 15 март 2016 година, кога како еден од интервјуираните, изјави дека ќе ја брани Македонија од предавниците.

„И треба да дојде до конфликт, и еднаш да се решиме. Или ќе не биде – Македонци, или нема да не биде! Кога се работи за Македонија, треба да излеземе сите“, рече тогаш осомничениот напаѓач.