Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: Во Сопиште сите заедно се радуваат на Велигден

Видео: Во Сопиште сите заедно се радуваат на Велигден

Со кршење јајца и кревање чаши муслиманските и православните жители на Општина Сопиште денеска го славеа Велигден. Семејствата на Зоран Симоновски и Томислав Алексовски им беа домаќини на муслиманските соседи од селата Света Петка и Чифлик кои им дојдоа на гости. Граѓаните од регионот се потсетуваатдека порано бројноста за граѓаните кои доаѓаат била поголема, но во последно време поради политичката ситуација традицијата се сведува на индивидуални посети во семејствата.

Гостите од Света Петка и Чифлик велат дека оваа традиција ја одржувале и нивните дедовци и прадедовци. Велат дека политичката криза не треба да ги нарушува долгите меѓуетничките односи.

“Сакаме тука да живееме заедно и не сакаме да ги расипеме односите поради политиките на некој во Македонија. Да им покажеме на граѓаните во Македонија дека ние навистина имаме соживот и си живееме. Мирот може да ни го расипе политиката. Оваа политика треба да прекине и да не подбуцнува бидејќи тоа не е добро за граѓаните и за нашите деца.” – вели Мазлам Латифи, Света Петка


Извор: alsatm.mk