Friday, Apr 26, 2024
HomeUncategorizedВидео: Тигреста ајкула која сака да се снима

Видео: Тигреста ајкула која сака да се снима

Тигрестите ајкули на Бахамите се пријателски настроени кон луѓето и се навикнати на нуркачите кои доаѓаат да пливаат со нив и да ги снимаат. Овие незаборавни подводни авантури секогаш поминуваат безбедно, но еден од нуркачите имаше мало непријатно изненадување од љубопитната ајкула која му ја повлече опремата. За среќа се помина без последици, освен тоа што Шон Хул остана без вредната подводна камера. Можеби видеото снимено од ајкулата ќе биде вратено па ќе може да се види и нејзината перспектива.