Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Шешељ го запали хрватското знаме во Белград

Видео: Шешељ го запали хрватското знаме во Белград

Шешељ повторно ја запали шаховницата. Околу 300 поддржувачи на Српската радикална партија протестирале синоќа пред хрватската амбасада во Белград поради годишнината на Олуја, а Војислав Шешељ го запалил хрватското знаме. Лидерот на српските радикали порачал дека веќе 20 години со Србија владеат „ненародни режими“ кои, според него, формално ја признале хрватската усташка држава со отворање нејзина амбасада во српската престолнина.

„Тоа уште долго нема да го дозволиме. Не ве повикуваме за да решиме нешто по кратка постапка, но наскоро ќе ја освоиме власта и ние ќе решаваме по кој пат ќе оди Србија“, кажал Шешељ. Тој додал и дека СРС и српските патриоти никогаш нема да ја признаат „независната хрватска усташка држава“ додека трае, како што навел, окупацијата на Република Српска Краина.

„Ги предупредувам сегашните властодршци во Србија, Вучиќ и Николиќ, дека немаат право на Хрватите да им простуваат што било во име на српскиот народ. Нема простување додека не се врати српската земја и само жртвите можат да простуваат“, кажал Шешељ. Радикалот кажал и дека Србија нема да војува против Хрватска, членка на ЕУ и НАТО, но дека Србите „нема да заборават што е српско“ и дека повторно ќе ги вратат Краина и Косово.