Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиВидео: Руски авантурист со нов рекорд – го обиколи светот со балон за 11 дена

Видео: Руски авантурист со нов рекорд – го обиколи светот со балон за 11 дена

Русинот, Фјодор Коњухов денеска го собори светскиот рекорд во патување околу светот со балон, облетувајќи го светот за нешто повеќе од 11 дена, по што безбедно се спушти во Австралија, соопштија локалните власти.

Контролорот на летот, Џон Валингтон рече за медиумите дека Коњухов слетал 160 километри источно од градот Нортам, на западот на Австралија, од каде го почна патувањето на 12 јули. Русинот го собори светскиот рекорд во летање со балон на Американецот Стив Фосет, кој со балон го обиколи светот за 13 дена.