Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРуски хакер уапсен во Барселона под сомнение за мешање во изборите во САД

Руски хакер уапсен во Барселона под сомнение за мешање во изборите во САД

Руски програмер по име Пјотр Левашов е уапсен во Барселона под сомневање дека бил вмешан во сајбер-нападите за време на претседателската кампања минатата година во САД.

Како што соопшти руската амбасада во Мадрид, тој е уапсен врз основа на американска меѓународна потерница, објави Ројтерс повикувајќи се на руските медиуми.

Портпаролот на руската амбасада одбил да открие повеќе детали, а за коментар не биле достапни ниту полицијата, ниту Министерството за внатрешни работи на Шпанија.

Во јануари годинава шпанската полиција уапси уште еден руски програмер под прекарот „Лисов“, за кој САД исто така имаа издадено меѓународна потерница.

Американската влада официјално ја обвини Русија дека ги хакирала мејловите на членовите на Демократската партија, за да му помогне на кандидатот на републиканците Доналд Трамп.

Рускиот претседател Владимир Путин демантираше дека Русија се обидувала да влијае на изборите.