Tuesday, May 7, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈА(Видео) Редок феномен во Хонгконг: 10 000 громови за 12 часа

(Видео) Редок феномен во Хонгконг: 10 000 громови за 12 часа

За само 12 часа во текот на вчерашниот ден, метеоролозите во Опсерваторијата во Хонгконг забележа феномен од кој и самите метеоролози биле фасцинирани – удирање на 10.000 молњи во земја во летната бура, што е навистина редок феномен.

До оваа бура дошло само ден откако во Хонгконг е забележан најтоплиот ден, кога живата на термометарот достигна 37 степени, нешто што не се случило од 1969 година.

Там Ји Тинг, експертот од Опсерваторијата изјави дека бројот на удари на гром го надмина досегашниот 24 часовен рекорд кој изнесувал 9,966 удари на громови во земја, забележан во 2005 година.