Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласВо Хонгконг продадено француско вино од 1846 година

Во Хонгконг продадено француско вино од 1846 година

Околу 2.000 боци бургундско вино од подрумот на француската винарија „Бушар татко и син“, меѓу кои се наоѓа и вино од бербата 1846, продадено на аукција организирана во Хонгконг. Флашата Мерсо-шарм од 1846 година ја купил анонимен купец за сума од 17.357 долари, после неколку понуди во аукциската куќа Кристи. Се работи за најстарата флаша чувана во угледната винарија „Бушар татко и син“, основана во 1731 година, која чува повеќе од 150.000 флаши од 19 век.

„Понудата на волку стари бургундски вина е исклучително ретка“, истакнува Тим Триптри, директорот на одделението за вина во Кристи, најведувајќи дека овој пат биле понудени 16 флаши кои датираат од 19 век.

Aukcija-f3

„Вака добрите резултати од денешната аукција покажуваат дека Азија и понатаму сака да собира бургундски вина“, наведува Тим.