Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРасте европското семејство на енергетски заедници

Расте европското семејство на енергетски заедници

Енергетскиот систем на иднината треба да се базира на принципите на солидарност, споделување ресурси, социјална инклузија, и со фокус на локалната одржливост и ефикасност.

Во креирањето на визијата за одржлива, праведна и обновлива енергија, учевствуваше и Здружението Изгрејсонце, на покана на Рескуп – Европската федерација на задруги на граѓанска енергија и домаќинот Електра Енерџи, со нагласување од потребите за зголемување на енергетската демократија во Северна Македонија, како и на Балканот преку меѓусебно поврзување и соработка.

„Енергетската демократија е тема на која активно работиме во последните пет години со цел да ја зголемиме моќта на одлучувања кај граѓаните, како концепт кој е речиси целосно заборавен на овие простори, иако одлично функционира во земји од регионот и ЕУ. Следните чекори ќе бидат пилот проекти со кои ќе демонстрираме дека вложувањето во енергетски независни и самоодржливи заедници е возможно и ќе делува трансформативно на општеството“, порача Александар Ѓорѓиевски од Здружението Изгрејсонце.

Расте европското семејство на енергетски заедници

Пролетниот собир на Рескуп во Атина беше одлична можност да се научат искуствата од над 2 милиони граѓани кои се членови на енергетски задруги и заедници низ цела Европа.

Особено значајно беше да се чујат охрабрувачките примери за успешни граѓански и локални енергетски заедници кои се одржливи, обезбедуваат електрична енергија за сопствените потреби и околината и притоа не предизвикуваат загадување, целосно потпирајќи се на обновливата енергија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Исто така од голема важност е подготвеноста на Рескуп и парнерите од Европа и регионот да работат на заеднички проекти за поттикнување на граѓанската енергија во Северна Македонија и Балканот.