Friday, May 3, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаВидео: Оваа песна заработи 10.000 евра на Макфест

Видео: Оваа песна заработи 10.000 евра на Макфест

Александра Јанева, младата пејачка од Струмица, го освои првото место на годинешното издание на фестивалот Макфест, додека на второто и третото место завршија Симона Попоска и Антонија Гиговска.

Фестивалот и оваа година помина со слаб интерес кај фановите, со шлагерски композии кои воопшто не се атрактивни за младата публика која ја следи модерната поп музика. Слични композиции како во последните веќе три години откако форматот на фестивалот беше драстично сменет и наликува на бледа копија на Скопски фестивал, но од некоја друга заборавена ера.

За овие „хитови“ следат и богати парични награди, а победничка Јанева ќе добие 10.000 евра. Преслушајте ја песната и пишете ни ги вашите коментари.