Saturday, Apr 20, 2024
HomeИздвојувамеОткриваме: Најуникатната шах табла од Македонија – на неа ќе се игра победничка партија на Европскиот куп

Откриваме: Најуникатната шах табла од Македонија – на неа ќе се игра победничка партија на Европскиот куп

Македонија годинава има чест да го организира Европскиот екипен шаховски куп. Од 10-ти до 20-ти Октомври околу 600-тини шахисти од 70 европски држави ќе си ги измерат силите. Нашата држава го привлече вниманието на светските шаховски натпреварувања. Минатата година, претседателот на европската шаховска унија, Зураб Ајзмајпарашвили од Грузија ја посети општина Карпош, поради нејзиното реноме во организирањето шаховски турнири. На средбата со градоначалникот, претседателот на шаховската федерација и првите луѓе на клубот “Гамбит Асеко СЕЕ”, беше договорена организацијата на овој реномиран шаховски настан.
sah4Она што ќе биде најуникатно на овој куп е шаховската маса мозаик на уметникот Петар Дракул.
– Ова уметничко дело ќе биде симбол на победата на оваа манифестација. Победниците на купот ќе имаат чест да одиграат финална партија шах на овој импресивен мозаик – вели Петар Дракул за Позитив.мк
buv2– Шах масата е изработена во техника мозаик од природен камен. Она што ја прави уникатна е токму симболиката. На местата каде што седат шахистите е претставен був кој размислува кој потег да го одигра. Над бувот е исцртана месечина која симболизира мир. Очите на бувот ги контролираат просторот и фигурите, а ушите го контролираат срцето и мозокот. Мотивација за фигурите најдов во крстоносните војни. Идејата беше да се поврзат минатото и сегашното време.
buv3
figuri1Ова дело на Академскиот сликар, Петар Дракул предизвика големо внимание, како во шаховските федерации, така и во нашите клубови. Сите пројавиле интерес кога ги погледнале фотографиите од мозаик масата. Општина Карпош како организатор на европскиот куп, исто така, би можела да ја задржи масата. Каде и да заврши ова уникатно дело, ќе остане симбол на победата на Европскиот куп организиран во Македонија.
sahsah2
figuri

Подготви:Кристина Атовска
Соговорник:Петар Дракул – Академски сликар

Не е дозволено превземање на оваа содржина без дозвола на редакцијата на Позитив.мк освен со линк до конкретната страница.