Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВидео: Отпуштен работник од Фени поради пост на Фејсбук

Видео: Отпуштен работник од Фени поради пост на Фејсбук

Работникот Орданчо Бошковски доби отказ од Фени наводно поради став искажан на Фејсбук. Партијата Левица реагираше за случајот. Бошковски е и член на синдикатот, што според Левица е причина плус за да се отпушти, а со тоа се упатува порака на другите вработени да не го креваат гласот за своите права, бидејќи во спротивно ќе им се случи истото.

„Непочитувањето на законските правила и норми од страна на работодавачите е најчестата практика во Македонија и истата е резултат на немањето на политичка волја од страна на сите досегашни влади во Македонија да ги заштитат работниците. Работодавачите во Македонија имаат статус на заштитени – како мечка во планина. Тоа не е случај и со работниците. Борбата продолжува“ – реагира Левица.